Вознемирувачко фото: Исламската држава објави дека Хрватот Томислав Салопек е егзекутиран

"The Associated Press" и "Agence France-Presse" објавија дека Исламската држава го егзекутирала хрватскиот државјанин Томислав Салопек.

Рокот кој џихадистите на Исламската држава од провинцијата Синај го поставија за исполнување на нивните барања истече минатиот петок, па кај хрватската Влада се јави надеж дека сепак може да биде постигнат некаков договор и хрватскиот државјанин да биде извлече од рацете на ИСИЛ.


Томислав Салопек од Хрватска, татко на две деца беше киднапиран на 22-ри јули во близина на Каиро додека со службениот автомобил патувал на работа во француската компанија "CGG". Неговиот автомобил го сопрела вооружена група која го одвела на непознато место.


Пред една седмица беше објавена снимка на која Томислав пред камера ги кажува своите лични податоци и објаснува дека Исламската држава е подготвена да го размени за „муслимани кои што се заробени во египетските затвори“.



Сепак, и покрај напорите на хрватската дипломатија, како и подготвеноста на египетските власти да платат за откуп на Хрватот, сепак киднапирањето на Томислав Салопек за жал заврши трагично.

На Твитер каде што коментираат и дел од џихадистите пишува дека „Салопек е убиен поради учеството на Хрватска во борбата против ИСИЛ откако истекол рокот од 48 часа кој го добила египетската Влада за да ги ослободи затворениците“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О