Guardian: Матка меѓу најдобрите 10 кањони во Европа

Guardian го вброи кањонот Матка меѓу десетте најубави кањони во Европа кои се лесно достапни за авантуристите и нудат одлични погледи и добри патеки за шетање.



За кањонот Матка, Guardian пишува:

„Посетителите на Скопје кои чувствуваат дека центарот со своите кичести, но пријатни споменици, може да им здосади, можат да заминат за кањонот и езерото Матка. Тоа е оддалечено 15 километри југозападно од центарот и има доволно активности за да го задоволи секој љубител на природата. Матка нуди планинарење, пешачење, кану, пештерски туризам, алпинизам, историски знаменитости, како и можност за гледање интересни птици и пеперутки. Кањонот содржи средновековни манастири со одлични фрески и многу пештери - дел од нив достапни со чамец преку езерото Матка“.

Guardian исто така пишува и со кој автобус може да се стигне до таму, колку време трае патувањето, како и колку чини превозот со автобус или со такси.

Весникот пишува и дека одреден дел од турата низ кањонот може да биде релативно лесна прошетка по патеката, иако посочуваат дека кога ќе престане заштитниот дел, патеката може да биде проблематична за оние кои не се искусни. Оние што не се по пешачењето, Guardian ги советува да направат тура со чамец до пештерата Врело.

На листата покрај Матка се вклучени и кањони од Грција, Сицијлија, Шпанија, Германија, Турција, Крит, Словенија, Франција и Сардинија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О