Младата девојка Веи Хан Ксу или позната како Веивеи е вистинска атракција во ресторанот. Блогерот RainDog на интернет сподели фотографии од неа и таа набргу го доби прекарот „божицата од McDonald’s“.
Веивеи досега има учествувано во неколку шоу емисии во Тајван, а работи и како модел. Но, сега девојката има илјадници обожаватели кои постојано доаѓаат на работа за да ја видат. Доколку не ја најдат на работното место во ресторанот, си заминуваат без нарачка, а тоа воопшто не му се допаѓа на нејзиниот шеф.