Судир во Македонија? Путин и Трамп ќе завојуваат на Балканот!


Додека очите на светот се свртени кон Сирија, американските медиуми тврдат дека до пресметка меѓу САД и Русија нема да дојде на Блискиот Исток, туку во Македонија, Хрватска, СРбија или Босна и Херцеговина...

Руската војска се заканува дека во случај на нови напади врз Сирија на американската војска ќе и одговори со сила, додека најверодостојните американски медиуми тврдат дека војната помеѓу двете суперсили е неизбежна, но дека до неа ќе дојде на Балканот.

САД ја бомбардираше воздухопловната база Шајрат во Сирија, под оправдување дека било реакција на нападот со хемиско оружје на сириските сили во Идлиб, ова ги доведе односите помеѓу Москва и Вашингтон до точка на пукање и ја уништи секоја надеж американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот, Владимир Путин, да најдат заеднички јазик.

Колку е опасна ситуацијата, најдобро покажува соопштението на Заедничкиот команден центар на Русија, Иран и Сирија.



Вистинско игралиште

"Тоа што го направија САД во Сирија ја поминува црвената линија. Од сега па натаму ќе одговараме со сила на било кој напаѓач или на билокакви понатамошни напади. САД го знаат нашиот капацитет за брза и силна реакција", - соопштил командниот центар додека Путин изјавил дека акциите на САД се недопуштени.

Сето ова ги доведе двете земји на раб на војна која би можела да го уништи целиот свет. Меѓутоа, додека очите на светот беа свртени кон Сирија, каде што конфликтите делуваат најреално, американските медиуми тврдат дека сепак поголема е веројатноста дека до војна меѓу суперсилите ќе дојде на Балканот.



"Најголема надворешна закана за стабилна Европа претставува Путин. А Балканот е вистинско игралиште за лоши актери и тоа ќе стане приоритет за Путин, поради што би требало да го следиме пред да излезе од контрола", пишува Џејмс Џеј Карафано, американски аналитичар за угледниот американски магазин National Interest.

Провокација на конфликтот

Тој тврди дека Путин нема многу жаришта на кои може да го испровоцира Западот. "Балканот има неколку жаришта кои Путин би можел да ги искористи за провокација на конфликт. Тоа се тензиите на линијата Србија-Хрватска-Косово, немирите во Македонија, конфликтот во Босна и Херцеговина но и Црното Море. За САД спречувањето на обидите на Русија да го дестабилизира Балканот би требало да биде врвен приоритет", пишува тој.

Адмиралот на Морнарицата, Мајкл Хауард, шеф на Командата на морнарицата на НАТО во Европа и АФрика, изјави дека сегашната руска операција на Медитеранот е поголема отколку за време на Студената војна и Советскиот сојуз.



Жаришта

Србија-Хрватска-Косово

"Можеби е претерана приказната за трката во вооружување меѓу Загреб и Белград, но нема сомнеж дека тензиите се на раб на пукање. Косово се заканува со основање на своја војска, а тука се и 5.000 војници на НАТО"..

Немирите во Македонија

"Руското мешање, корупцијата, препирките со Албанија и збрканиот американски одговор ја претворија оваа земја во вистински отровен коктел"..



Босна и Херцеговина

"Сепаратистичкото движење во Република Србија се заканува да ги подгрее поделбите кои догоруваат уште од 1995-та година. Путин изгледа среќен кога истура бензин врз пепел кој тлее"..

Судир во Македонија? Путин и Трамп ќе завојуваат на Балканот!

Додека очите на светот се свртени кон Сирија, американските медиуми тврдат дека до пресметка меѓу САД и Русија нема да дојде на Блискиот И...