"Непристоен предлог" од вистинскиот живот: Коцкар вели дека милионер понудил 2 милиони долари да спие со неговата сопруга


Австралиски коцкар, суспендиран од сите светски казина, го обвинил канадскиот милијардер дека понудил 2 милиони долари за да има секс една година со неговата сопруга, бразилската актерка Грис Санто.

Роберт Циприани рекол дека сопственикот на хокеарски тим и милионер, Дерил Катц, и понудил на Санто да спијат заедно шест пати во месецот една година, за вкупна сума од 1.92 милиони австралиски долари.



Госпоѓица Санто, која глуми во комедијата "Jane The Virgin", ја информирала полицијата во Хаваи за понудата во ноември 2015. година, велејќи дека ја одбила.



Нејзината изјава во полицијата сега е дел од тужбата на Циприани против Катц и неговиот портпарол Глен Бунтин, кого го обвинува дека му ја поткопал репутацијата.



Циприани го тужи Бунтинг за повреда на неговата репутација, кога “закопал” една статија што тој ја пратил во "New York Post". Статијата била за полициската пријава на неговата сопруга против Катц.



Бунтинг не ја коментирал тужбата, но адвокатот на Катц рекол дека тврдењата на Циприани се "лажни".



Циприани тврди дека Катц, кој тежи околу 3,5 милијарди долари, и е сопственик на хокеарскиот тим "Edmonton Oilers", неколку пати се обидел да стапи во контакт со неговата сопруга, по што дошла и официјалната понуда на Хаваи.



Актерката вели дека Катц летал од Лос Анџелес до Лондон со неговиот приватен авион за да се сретнат уште еднаш подоцна, праќајќи 20.000 долари за нејзиното време.



"Прво зборувавме за тоа како ќе ми помогне со кариерата, за подоцна да ми понуди пари за секс", рекла таа. Додала дека му кажала дека "не е проститутка".



"Да бев на твое место, ќе ги земев парите", рекол Катц, пишува Daily Mail.



Со оглед на актерите во овој настан, се очекува ова да биде пеколен судски спор.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О