Изгледа познато? Татко на пет, кој тврди дека не се случило да ја напушти куќата, а некој да не го помеша со Обама


Хозе Оливиера, од Кејп Верде, толку многу личи на екс лидерот на Америка што не памти ден без некој човек да го запре на улица за да се фотографира со него.


Таткото на пет деца, кој изненадувачки многу наликува на Барак Обама, открива како не може да се појави на улица без да биде нападнат од рандом луѓе кои му бараат автограм или сакаат да се фотографираат со него благодарение на неговиот статус како “двојникот на Обама”.



43-годишниот Хозе вели дека неговите пријатели дури му дале и прекар “Г-дин. Обама”.

Туристичкиот водич Хозе изјави: “Уште од моментот кога Барак Обама стана претседател луѓето ме застануваа да ми кажат дека личам на него, па така што ова ми се случува веќе некои 10 години. Некои луѓе дури ме прашуваат дали сме браќа.”



“Работам како туристички водич па постојано запознавам нови луѓе, а нивната реакција секогаш е иста – штом ќе ме видат следува – Леле, па ти изгледаш исто како Обама! … Искрено, мене ова ме смее и не ми пречи да позирам за фотографија со луѓето. Позирам за најмалку 15 фотографии дневно.”



Тој додал: “Претседателот Обама е добар човек, па ми се допаѓа кога луѓето ме споредуваат со него. А исто така добро е и за бизнисот.”



“Никогаш не се обидувам да се облекувам како Обама или да го копирам на билокој начин, едноставно јас сум си јас, но без разлика, луѓето се уште застануваат да ми кажат колку многу личам на него. И Обама личи на мене.”





ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О