Поранешната сопруга на Путин поседува палата поголема од Белата куќа: Људмила не знае што да им прави на парите



Станува збор за палатата Волконски во историскиот центар на Москва која има околу 6.000 квадратни метри и е поголема дури и од Белата куќа.

Поранешната сопруга на рускиот претседател Владимир Путин создала здружение кое во своја сопственост има историска зграда во Москва која на истото тоа здружение му овозможува милионска заработка од издавање. Истрагата на „Ројтерс“ открила дека зградата ја реновирале пријатели на Путин, а наемот се слева во приватна компанија во сопственост на личност со исто име како она на поранешната сопруга на Путин – Људмила Александрова Шкребњова, пишува Express.hr.



Станува збор за палатата Волконски во историскиот центар на Москва. Некогаш тоа била благородничка палата, но сега е во сопственост на Центарот за развој на интерперсонална комуникација (CRIK), здружение кое го основала Људмила Путин во 2002 година. Самото здружение има неколку канцеларии во палатата, но поголемиот дел од зградата им се изнајмува на разни компании, а меѓу нив се наоѓаат и две големи државни банки.

Самата палата има речиси 6.000 метри квадратни и е малку поголема од Белата куќа. Интересно е тоа што некогаш била во сопственост на генералот Николај Волконски, дедо на славниот писател Лав Толстој.



Станарите редовно и` плаќаат на компанијата под име Меридијан, а таа е 99% во сопственост на друга компанија наречена Интерсервис. Таа компанија, пак, е во сопственост на жена по име Људмила Александрова Шкребњова. „Ројтерс“ сам признава дека не успеале да откријат дефинитивни докази дека навистина станува збор за поранешната сопруга на Путин и дека не станува збор само за неверојатна коинциденција.

Освен тоа, постојат и други докази дека поранешната прва дама на Русија и сопственичката на Интерсервис е всушност една иста личност. Постојат докази дека претходна шефица на Интерсервис била Олга Александрова Цомајева, а руските медиуми своевремено за неа пишувале како за сестрата на сопругата на Путин.

Згора на тоа, останатиот 1% од Меридијан го држи Татјана Шестакова, поранешната сопруга на Василиј Шестаков. Инаку, Василиј е стар пријател на Владимир Путин.



Кога станува збор за парите, тешко е да се процени колку точно кирија земаат од станарите. Познато е дека банката VTB плаќа повеќе од 2 милиони долари годишно, а кога ќе се погледнат финансиските извештаи на Меридијан невозможно е да се процени колку вкупно пари заработуваат од станарина и колку од тие пари се исплаќаат на CRIK. Сето тоа се совпаѓа во врежаните начини на постапување во Русија на Путин, каде што луѓето блиски до претседателот имаат големи привилегии и добро заработуваат од владини договори, заеми и други бенефиции од државните компании.

„Ројтерс“ потсетува дека релативно неодамна известиле за зетот на Путин, Кирил Шамалов кој станал милијардер откако се оженил за неговата ќерка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О