Готвач ја распарчил и ја зготвил својата сопруга: Соседите почувствувале чуден мирис, по што следувал морничав повик и шок кога полицијата влегла во кујната!



Двојката се венчала во 2013-та година, а на пријателите и на познаниците им изгледале среќно откако се преселиле во Бризбејн.

Пред речиси три години, брутално убиство ја потресе Австралија. Маркус Волке (28), готвач од Бризбејн, ја распарчил својата сопруга и ги зготвил деловите од нејзиното тело. Убиството се случило во октомври, 2014-та година, а Волке се обидел да избега пред полицијата која пристигнала во неговиот стан по поплаките на соседите поради необичен, чуден мирис. Подоцна било откриено дека неговата убиена сопруга, Мајанг Прасетјо (27) всушност била транссексуалец од Малезија.



Полицаецот кој прв го примил повикот на почетокот мислел дека станува збор за "болна шега". Полицаецот Лијам и неговиот партнер Брајан први пристигнале на местото на настанот каде станарите се пожалиле дека чувствуваат многу необичен, непријатен мирис.

Кога стигнале, започнале да разговараат со Волке, кој првично соработувал и не делувал многу сомнително. Кога го прашале дали може да му го погледнат станот, тој им кажал дека ќе мора да се погрижи за неговото куче, па се заклучил и почнал да бега од друг излез.



Волке во обид да избега од полицијата скокнал од тераса и се сокрил во соседната уличка, кадешто си го исекол вратот и си ги скратил маките. Деловите од телото на неговата сопруга биле пронајдени во тенџере на шпоретот и во корпата за ѓубре пред станот.

За време на истрагата било откриено дека двојката се запознала во Мелбурн, каде Волке работел како жиголо затоа што морал да си го плати долгот на кредитната картичка. Мајан му помогнала да добие работа во различни клубови низ Европа и Азија.





"Тие се договориле дека тој ќе ѝ помогне да добие постојана виза за престој во Австралија", изјавил детективот. Двојката се венчала во 2013-та година, а на пријателите и на познаниците им делувале задоволни и среќни откако се вселиле заедно во Бризбејн.

Овие денови до јавноста исплива и шокантна снимка од телефонски разговор помеѓу Волке и електричар. Всушност, Волке се јавил на електричар поради дефект на шпоретот и се пожалил дека започнал да дими по што едноставно престанал да работи.



"Добар ден, дали зборувам со електричар?"

"Да, повелете?"

"Готвев на електричен шпорет, а потоа јадењето се превари и започна да се излева од тенџерето по шпоретот. Одеднаш започна да дими, се слушна силен звук и тој престана да работи. Можете ли да го поправите денес?"

Кога се појавил електричарот, Волке го предупредил за мирисот и се обидел да се оправда со тоа дека готви чорба од свинско месо. Електричарот забележал дека низ станот имало шишиња со избелувач, гумени ракавици и ѓубре.



Во текот на истрагата било откриено дека Волке се борел со својот идентитет и со работата, а на еден пријател му кажал дека сака да стане тренер на кучиња кога ќе се пресели во Бризбејн. Исто така излегло на виделина дека тој страдал од депресија и нарушување во спиењето, пренесува abc.net.au.



Мотивот за ова грозоморно убиство и самоубиство останува непознат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О