Девет првачиња од Крушевац денеска за време на излет во Сокобања се повредени, кога се скршил рингишпилот на кој се возеле, јави Танјуг.
До несреќата дошло кога се скршил столбот на рингишпилот кој се наоѓал на шеталиште во Сокобања.
Осум деца се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш, додека едно дете е пуштено на домашно лекување.
Во Сокобања на екскурзија биле околу 90 ученици од училиштето во Крушевац.
Увидот на полицијата е во тек.