Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва гласаше против приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево.
Членовите на СДСМ во ДИК, според нашите информации, гласале против приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, со кои можеше да се доведе во прашање победата на Фатмир Дехари и според проценките, гласовите од овие избирачки места каде што беа посочени нерегуларности, можеа да влијаат на изборните резултати и да бидат одлучувачки дали Дехари ќе ја потврди победата или прегласувањето ќе направи пресврт.
Членовите на Социјалдемократскиот сојуз според извори во ДИК биле едногласни да не се прифатат приговорите кои доколку биле поддржани од нив ќе донесеа повторување на гласањето во Кичево со што можеше да се смени исходот од првиот круг на изборите.
Според партиски извори, не е исклучено за возврат СДСМ да очекува ДУИ да гласа против повторување на гласањето во дел од избирачките места во Струмица за каде приговори поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
Останува нејасно и со каква цел СДСМ гласаше против приговорите. Дали ваквата политика на СДСМ всушност значи продолжение на погубните постапки за Кичево кои започнаа со референдумот за Законот за територијална поделба од 2004 година донесен од Социјалдемократскиот сојуз, без соодветна анализа што ќе предизвикаат етнички компонираните општини во кои најголем дел од руралното население е албанско, а урбаното е македонско население.
По една деценија стружани и кичевчани сѐ уште не можат да го заборават мотото на СДСМ од каде што тогаш порачуваа дека „некои прашања не заслужуваат одговор“.
Според законот предложен од тогашниот премиер Бучковски, а поддржан од претседателот Црвенковски, Македонците во Струга и во Кичево станаа малцинство.
Во кампањата за референдумот сегашниот премиер Груевски гласаше за укинување на законот за територијална поделба и бараше граѓаните да се спротивстават на законот кој, како што подоцна се случи, ќе предизвика проблеми за неколку града.
Тогаш, сегашниот лидер на опозицијата, Црвенковски од граѓаните бараше да не гласаат на референдумот по што општините Струга и Кичево станаа општини со доминантно етничко албанско население.