Бисери на Ава: Многу ги поздравувам моите родители, особено мајка ми и татко ми


Хрватската старлета Ава Карабатиќ е една од највпечатливите учеснички во реалното шоу „Големиот брат“, а на нејзините бисери се смее цел Балкан!

karabatic
Сексапилната Ава е позната по своите бисери и откачени изјави кои честопати немаат логика. Еве само неколку од нив.
-Многу ги поздравувам моите родители, особено мајка ми и татко ми.
-Од ништо не се плашам, само од луѓето. Зошто да се плашам од змии? Змијата е најдобар пријател на змијата!
-Да имам прилика да бидам нешто друго во животот, би била коњ или делфин, поради нивната грациозност. Всушност, по што е крстен стилот во пливање „делфин“ ако не по делфинот?
-Живееме здраво. Шпиро секој ден медитира по половина час, а јас 30 минути.
-Да сум пилот, дефинитивно би управувала со некој воз.
-Постојано сум вклучена во мобинг. Имам пет мобилни телефони.
-Ќе ја срушам црквата во Задар и ќе изградам уште постара црква!
-Би сакала да имав повеќе самодоверба во другите луѓе.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О