Првпат во Македонија извршени шест кардиохирушки интервенции на деца

500slika-bolnica
Првите шест неонатални кардиохирушки интервенции се извршени од 26 до 29 март на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Првпат во историјата на Македонија се изведени вакви кардиохирушки интервенции во јавното здравство и воопшто во македонското здравство. Интервенциите се изведени под водство на тим на Меѓународната фондација на детско срце со седиште во САД, предводен од светски познатиот хирург Вилијам Новик, а во нив беа вклучени и детски хирурзи, анестезиолози, педијатри и медицински сестри од универзитетските клиники. Во наредните седум дена ќе бидат извршени уште шест неонатални кардиохирушки интервенции.
Премиерот Никола Груевски, кој заедно со министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Клиниката за детска хирургија изјави дека станува збор за многу значаен проект за Македонија, нов момент во јавното здравство бидејќи досега не се вршеа кардиохирушки операции на деца и на бебиња.
Тој рече дека разговарал со тимот лекари од шест држави кој почнал една нова етапа во кардиохирургијата во Македонија, а тоа е операции на мали деца, неонатални операции.
- Веќе имаат шест успешно завршени операции, некои од бебињата имаат неколку месеци. Истовремено овој тим обучува група наши лекари. Тимот ќе доаѓа секои три месеци во наредните три години. Очекуваме дека во тој период ќе се заврши обуката на нашите лекари и потоа ќе продолжат самостојно да ги извршуваат операциите. Практично најголем дел од потребите на Македонија на мали деца и на бебиња ќе биде извршен од овој тим. Само најургентните случаи во меѓувреме додека тимот не е тука, ќе бидат испраќани како и досега во странство, истакна Груевски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О