Турскиот фудбалски клуб Фенербахче планира за следната сезона да направи вистински дрим-тим, а како прва цел се спомнува Франк Рибери.
Франк Рибери ќе биде прва трансферна цел на Фенербахче кој планира да направи вистински дрим-тим за следната сезона и така да одговори на Галатасарај кој донесе неколку звучни имиња.
Франк Рибери во 2005-та година настапуваше во Турција, поточно во Галата, но нема убави сеќавања од овој период бидејќи одигра само 14 мечеви.
Но, сепак тој сега е поискусен и далеку подобар играч, а би можело да пристигне понуда која тешко се одбива.
Имено, според информациите кои кружат во медиумите, новиот тренер на Баерн Минхен Пеп Гвардиола има намера да го подмлади тимот, па играчи како што се Рибери и Робен не се во неговите планови.
Тоа е шанса за Турците, но останува да се види каква ќе биде иднината на Рибери.