Темелко: Националноста да стои и во документите



temelko
Еден од лидерите на Македонците во Албанија, Едмонт Темелко за тиранскиот дневен весник Gazeta shqiptare, нагласува дека националната припадност во личните документи постоела во комунизмот, а сега во демократијата тоа не се внесува.
 
Невнесувањето на националната припадност во документите е навреда за Македонците вели Темелко и подвлекува дека ова барање го има доставено и до Европскиот суд за човекови права во Старазбур.
 
„Ние не го признаваме пописот кој се одржа во Албанија, бидејќи на Македонците не им беше дозволено тие да го искажат својот идентитет", вели Телемко.
 
„Во девет села во Пустец има 5.300 Македонци, но во Албанија живеат Македонци и во многу други градови и села", вели Едмод Темелко за Gazeta shqiptare.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О