Македонците бараат враќање на националноста во граѓанскиот регистар на Албанија


По изгласувањето на Законот, со кој на општина Пустец и се врати автохтониот топоним, а не оној Лиќенас, со кој беше именувана од комунистичкиот режим во 1973 година, Македонците бараат враќање на терминот националност во нивните документи, зашто непризнавањето на националноста ги води кон губење на идентитетот.

makedoncite-vo-
Ова, како што пренесува агенцијата Балкан веб, за тиранскиот весник „Газета шќиптаре“ го изјавил градоначалникот Едмонд Темелко, кој воедно е и лидер на партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција.
Темелко нагласува дека нивната македонска националност не фигурира ни во основниот граѓански регистар, а тоа значи дека тие официјално не постојат. Според него, бришењето на националноста дошла во време кога се бара признавање на реалното постоење на Македонците во други делови на Албанија.
Тој потецира дека во општина Пустец, која ја сочинуваат девет села, живеат над 5.300 Македонци, но во Албанија Македонци живеат и во Гора, Голо Брдо, во Тирана, Елбасан, и во многу други градови и села.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О