Со огромна брзина комета се движи кон Марс


НАСА предупредува: Кометата 2013 А1, која се движи неверојатно брзо, е насочена кон Марс. Доколку избегне судар со оваа планета, извесно е дека ќе предизвика метеорски дожд, кој ќе заврши на Земјата.

kometa500
Иако веројатноста за судар е релативно мала, научниците предупредуваат дека дури и блиска средба на кометата би можела да биде важна, бидејќи Марс би можел да предизвика метеорски дожд.
- Постои мала, но не и занемарлива можност кометата 2013 А1 да удри во Марс, порача Дон Џеманс од НАСА, дополнувајќи дека според сегашните пресметки, веројатноста за такво нешто е 1:2000.
јадрото на кометата е со пречник меѓу еден и три километри, а се движи со брзина од 56 километри во секунда.
- Ако кометата удри во Марс, ќе ослободи енергија од околу 35 милиони мегатони ТНТ, вели Џеманс и потсетува дека астероидот кој ги „уби“ диносаурусите имал јачина од 100 милиони мегатони.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О