Од слатко момче до крал на кокаинот


Арбен Думани во Шкотска стигнал како десетгодишно момче, со семејството кое избегало од војната во Косово и веднаш станал херој во тамошните медиуми. Како "слатко момче" бил интервјуиран за "новиот живот" што имал намера да го започне во Глазгов и бројните можности што му се нудат. Сега има 23 години и е уапсен како шеф на албанскиот криминален клан што планирал да ја преплави Шкотска со кокаин и осуден е на 12 години затвор.

koka
Од понудените можности, Думани ја одбрал онаа која му се чинела најпрофитабилна, а на новата татковина и се одолжил со планот во неа да пласира кокаин вреден 1,2 милиони фунти. Обвинителството тврди дека Думани со својата банда организирал трговија на кокаин "на индустриско ниво".
Во минатогодишната рација во Глазгов, полицијата во засолништето кое криминалната банда го користела, запленила повеќе од два килограми првокласен кокаин, заедно со супстанци и опрема неопходна за мешање со која се зголемува количината на дрогата неменета за продажба.
Думани и неговите тројца соучесници – Албанци, Алберт Мемиј, Фабион Понари и Џеорџ Петри, вчера во судот во Глазгов се осудени на вкупно 30 години и шест месеци затвор.
На истрагата во одреден степен и помогнале и самите обвинети, со тоа што на своите мобилни телефони се сликале како шмркаат кокаин, каде што со "линиите" од кокаин биле напишани нивните имиња.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О