Џиновско јајце на птица-слон продадено за 100.000 долари

Џиновско, делумно фосилизирано јајце на птица-слон, изумрен вид на Мадагаскар, продадено е денеска на аукција во Лондон за речиси двојно поголема сума од првобитната проценка.Аукциската куќа „Кристи“ соопшти дека јајцето, високо 30 сантиметри и со дијаметар речиси 23 сантиметри, продадено е за 101.813 долари на анонимен купувач кој лицитираше преку телефон.Птицата-слон, која е истребена пред неколку стотини години, била слична на џиновски ној и можела да достигне висина од 3,4 метри.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О