Ден на војската: Ќе ја лансира ли Северна Кореја ракетата денес?


Во Северна Кореја денес се одбележува Денот на војската.

Денешниот ден во западните медиуми се споменувал како еден од можните денови за лансирање на севернокорејските проектили, кои од неодамна биле преместени на источниот брег на Северна Кореја. Јужна Кореја отворена за преговори.

Додека светот се спротивставува, Северна Кореја веќе некое време најавува нов тест за лансирање на проектилите, додека Јужна Кореја денес формално понудила разговори на својот северен сосед за продолжување на работата во заедничката индустриска зона во Каесонг. Од Јужна Кореја најавиле дека може целосно да се откажат од тој проект доколку Пјонгјанг ги одбие разговорите.

Сеул понудил разговори на работно ниво за да може да се реши "пат" позицијата околу Каесонг, редок симбол на соработка помеѓу Северот и Југот.

Меѓутоа, понудата дошла со предупредување за мерките кои ќе следат доколку Пјонгјанг не го прифати предлогот во рок од 24 часа.

Претставникот на министерството за соединување, Ким Хјунг Сеок, изјавил дека нема промена во нивната поддршка околу одржувањето на стабилната работа и унапредувањето на Каесонг.




Ултиматум

"Меѓутоа, ние не можеме да дозволиме оваа ситуација да продолжи", додал Ким и предупредил дека "доколку Северна Кореја го отфрли предлогот, немаме друг избор освен да преземеме значајни мерки".

Ким не прецизирал за какви мерки станува збор, но овој ултиматум сугерирал дека Јужна Кореја разгледува перманентно повлекување од зоната, во која нормални околности работат 53.000 севернокорејски работници во 123 јужнокорејски фирми.

По минатонеделните тензии на Корејскиот полуостров, вклучувајќи ги и заканите на Северна Кореја за почеток на нуклеарна војна, Пјонгјанг во последните неколку дена започнал да зборува околу дијалог со САД и Северна Кореја.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О