
Најстариот човек во Саудиска Арабија, шеикот Авад бин Абдул Азиз бин Саифи Ал Кварни, умрел на возраст од 120 години, а зад себе оставил 447 потомци, вклучувајќи го и својот 98 годишен син, уште 23 деца, како и голем број на внуци и правнуци.
Долгогодишниот шеик Авад умрел во својот дом во селото Ал Бададха, а пред смртта немал никакви здравствени проблеми. Тој бил водич на племе речиси целиот свој живот. Зад себе оставил 24 синови и ќерки кои што ги добил со различни жени, вклучувајќи го и најстариот син, кој има 98 години, како и најмладиот син, кој има 22 години. Неговиот најстар внук има 65 години!
"Шеикот Авад е роден во 1893 година. Тој живееше во три векови. Неговото племе и останатите жители на селото ќе го памтат како искрен, мудар и сакан човек", било напишано во локалните весници.