
Ретко кој се согласува да учествува во анкетите кои што се прават низ улиците на градовите, а оние пак најхрабрите кои што ќе се согласат на учеството, се обидуваат да кажат нешто паметно... Со таква мисија биле и овие луѓе, но човекот кој што ја вршел анкетата имал поинаква замисла!
Имено, водителот Џими Кимел во своето шоу ја продолжил серијата на интервјуа насловени како "Lie Witness News", во рамките на кои што тој случајните минувачи ги распашува за нешта кои најчесто не се ни случиле. Овој пат жртва биле посетителите на фестивалот Коачела, па токму од нив тој побарал да го кажат своето мислење за бендови, кои секако, не постоеле.