Излезноста до 13 часот е 33,41 отсто

Излезноста на ниво на цела држава до 13 часот достигнала 33,41 отсто, додека на ниво на Град Скопје своето право на глас го искористиле 33,88 отсто од гласачите, информираат од Државната изборна комисија.
Најмала е излезноста во Општина Струга каде на девет избирачки места каде што се прегласува вториот изборен круг, до 13 часот гласале 29,5 отсто, или 1.975 граѓани, а највисока е повторно излезноста во Општина Долнени каде се одржува вториот круг од изборниот процес и каде на 39 избирачки места правото на глас до 13 часот го искористиле 38,58 отсто од гласачите, или 4.508 граѓани.

Во Општина Центар, каде се прегласува на 29 избирачки места, од 22.939 гласачи, колку што се наведени во избирачкиот список, гласале 7.865 гласачи, или 34,29 отсто.

Денеска се прегласува и на едно место во општината Ѓорче Петров каде, според последните информации на ДИК, гласале 26,82 отсто, или 354 граѓани.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О