Цивил: Куп нерегуларности во Центар

Изборни манипулации се забележуваат на самиот почеток на прегласувањето во општина Центар, соопштуваат од невладината организација „Цивил“ која го следи прегласувањето од локалните избори со 25 статични набљудвачи како и со мобилни кои служат како логистичка подршка и ја следат атмосферата и случувањата на избирачките места.

Оттаму велат дека прегласувањето на вториот круг во избирачките места во општина Центар започнало со нерегуларности и со прекршување на изборниот молк, но и со уникатен обид за манипулирање со гласачите.

„Во текот на минатата ноќ или рано утрово, флаери и писма се оставени во поштенските сандачиња и во влезовите на зградите насекаде низ општината каде што има прегласување, меѓу другите и во зградата во која се сместени канцелариите на Цивил. Во едниот флаер и во писмото, од кое јасно се гледа дека е фалсификувано (кое наводно го пратил другиот кандидат за градоначалник) гласачите се повикуваат да излезат на гласање на 28 април, односно не денеска туку идната недела, а во другиот флаер граѓанките и граѓаните се повикуваат да не излезат на гласање, затоа што ако излезат ќе победел кандидатот од партијата која што, пак ќе речеме, очигледно ги фабрикувала флаерите и писмото“, велат од „Цивил“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О