Одѕивот на гласачите до 17 часот над 53 отсто

Одѕивот на гласачите до 17 часот над 53 отсто
Излезноста на избирачите во прегласувањето на вториот круг од локалните избори во четири општини каде на вкупно 78 избирачки места право на глас имаат 42.663 избирачи, до 17 часот во неделата изнесувала 53,73 отсто, односно 22.921 граѓанин го искористил своето право на два часа пред затворањето на избирачките места, објавија од Државната изборна комисија на редовната прес-конференција во 18 часот.
Во општина Струга, каде се прегласува на девет избирачки места и има вкупно 7.885 гласови, до 17 часот гласале 3.422 избирачи, одѕивот бил 43,40 отсто. Во општината Долнени каде право на глас имаат 10.519 граѓани и се прегласуваше на 39 избирачки места, гласале 6.680 или 63,50 проценти што е највисок одѕив на избирачите во овој трет круг од изборите за градоначалници на Локалните избори 2013.

Во скопските општини Центар и Ѓорче Петров, исто така, во неделата се прегласуваше на одредени избирачки места за да се добие градоначалник. Во општината Центар на 29 избирачки места право на глас имаат 22.939 избирачи, а тоа го оствариле 12.321 или 53,71 отсто. Разбирливо, откако еден од кандидатите за градоначалник на оваа скопска општина објави дека се откажува од изборниот натпревар, излезноста изнесува е 387,73 отсто. Во оваа општина се прегласуваше на едно избирачко место на кое во избирачкиот список има 1.320 гласачи, што значи дека до 17 часот гласале 498 избирачи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О