Историјата предупредува: Луѓето се полоши од животните!

Фотографијата која што го обиколила светот во 1976 година и која ја освоила Пулицеровата награда веќе следната година, е приказ на најмрачната страна на човековиот род.
"Бруталност во Банкок" е фотографија која во 1976 година ја направил фотографот на "Associated Press", Нил Улевиќ, а истата во 1977 година ја освоила и Пулицеровата награда. Овој фотограф пет години ги овековечувал потресните глетки во Виетнамската војна, но како што рекол и самиот тој, ништо што видел во џунглата не можело да се спореди со она што се случило во текот на утрото на 6 октомври 1976 година, кога се судриле студентите десничари и левичарите.

Фотографијата од мртвото тело на еден обесен левичар, а врз кое што се изживува насобраната маса, за кратко време го обиколила светот. Она што е можеби најиронично во овој случај е тоа што, кога фотографијата освоила Пулицер, Тајланд ја искажал својата гордост: "Кога освоив Пулицер, медиумите од Бангкок тоа го објавија на насловните страни и беа исклучително горди што домашен фотограф ја добил наградата, но фотографијата која што ја освои наградата не беше никогаш објавена", изјавил Улевиќ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О