Неделна анализа - До вторник нестабилно со дожд, од среда сончево и топло. Во сабота до 27°C


Во Македонија во понеделник ке биде претежно облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд и ветровито. Ке дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ке дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ке се движат од 3°C до 9°C, а максималните дневни ке достигнат до 7°C односно до 16°C.

Во Скопје во понеделник ке биде претежно облачно со услови за повремени слаби локални врнежи од дожд. Ке дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна температура ке достигне до 13°C.

Во вторник ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Ке дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер кој ке достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ке се движат од 3°C до 9°C, а максималните дневни до 9°C односно до 17°C.

Од среда стабилизација на времето, следува период на сончево и топло време.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О