Оставаат без здив: Топ 5 најексклузивни крузери во светот


Речиси секој вид на забава која што можете да ја замислите на копното, како што се на пример 3Д филмовите, театарските претстави и казината, достапни се и на најлуксузните крузери кои што крстарат по светските океани.
И покрај несреќите кои што се случуваа во изминатиот период, индустријата со крузерите и јахтите моментално забележува голем раст, а експертите предвидуваат дека до 2017 година овој вид на луксузни патувања ќе ги користат 23,7 милиони луѓе во светот. 


5. "Allure of the Seas"

Како најголемиот брод во морето, од 225.282 тони и капацитет од 6.360 патници, овој џиновски брод претставува мал град на вода. Собите и апартманите се распоредени на 16 патнички палуби, а помеѓу атрактивните локации кои што овој крузер ги посетува се и Флорида и Карибите, меѓутоа голем е бројот на патниците кои едноставно не сакаат да го напуштат овој рај.


Со оглед на тоа што на палубите постои театар, симулатори за сурфање, жичари, ѕидови за планинарење, трговски центар, 3Д кино и театар, се што на патниците им е потребно им е достапно веднаш. Покрај сето тоа, на бродот се наоѓаат и огромен број на најразлични ресторани и барови. 



4. "Queen Mary 2"

Иако не станува збор за најнов брод, крузерот "Queen Mary 2", кој за првпат испловил во 2004 година, и понатаму важи за еден од најголемите бродови на светот. Трансатлантскиот крузер има капацитет од 2.620 луѓе и 1.253 членови на екипажот. На бродот постојат пет базени и 15 ресторани.


Дуплекс апартманите имаат посебни теретани, балкони и батлери. На Кралските палуби посетителите можат да го посетат и единствениот пловечки планетариум, како и казиното, терените за тенис, библиотеката, театарот и салите за танцување. Изградбата на овој брод чинела околу 900 милиони долари. 



3. "Norwegian Breakaway"

Најновиот брод од групацијата "NCL" ќе стане и официјално најголемиот крузер во светот откако за првпат ќе заплови во водите во мај оваа година. Капацитетот на овој ѕвер е неверојатни 4.000 патници кои што постојано ќе можат да се забавуваат и да уживаат во услугите од врвниот екипаж. 


Така, патниците на овој гигант ќе можат да уживаат и во три бродвејски претстави. Доколку тоа им досади, можат да уживаат во неверојатен аква парк или во трикатниот спортски комплекс, а секако, секогаш можат да одиграат и партија голф, кошарка или да вежбаат слободно искачување по вештачките карпи. 



2. "Disney Fantasy"

Најновиот брод на Дизни е и најекстравагантниот досега, а тоа не е за чудење доколку се има во предвид фактот дека станува збор за брод дизајниран пред се за најмладите и нивните родители кои што сакаат незаборавно патување и многу забава.


Покрај двокатното 3Д кино и осумте различни базени, помеѓу кои е и водениот ролеркостер, родителите ќе можат да ги остават своите деца да уживаат во забавата, додека тие одмараат и се релаксираат во бројните ресторани и клубови. 



1. "Seabourn Odyssey"

Иако е значително помал во споредба со претходните крузери, "Seabourn Odyssey" е познат по беспрекорната услуга, па така, речиси на секој патник на бродот му следи по еден член од посадата.


Во рамките на релаксирачката атмосфера која што патниците ја бараат кога го одбираат овој крузер, на палубите се наоѓаат прекрасните бањи, голф терените и базените. Така, посетителите по масажата можат да уживаат во возењето на кајак, да скијаат на вода или да се забавуваат со други спортски активности.

Во склопот на бродот се наоѓа и заграден простор во кој што е обезбедено безбедно пливање во океанот за гостите од 255 апартмани, од кои што најексклузивните поседуваат дури и приватни солариум простории. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О