Инвестиција во вредност од 40 милиони евра во Тетово


На само 700 метри од центарот на Тетово, на една од најзначајните и најфреквентните локации, помеѓу два главни булевари, привршува изградбата на современиот повеќенаменски комплекс РЕМ.
Станува збор за заедничка инвестиција на компаниите RENOVA и ELEKTROMETAL Тетово, во вредност од 40 милиони евра, најголема инвестиција досега во западна Македонија.

РЕМ Комплексот се состои од: 146 станови, трговски центар од 12 000 м2, луксузен хотел со 5 звезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60 000 м2. Официјалното отварање е предвидено за втората половина на месец Октомври оваа година.




Единственото ентериерно решение на трговскиот центар, со впечатлив атриумски простор, дневна светлина и максимална видливост на сите локали, го прават овој проект еден од најатрактивните во земјата и регионот.

- Станбените единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат си­те највисоки европски тех­нич­ки и гра­деж­ни нормативи.

Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење, вклучувајќи и комплетна инсталација со радијатори и калориметри за точно мерење на потрошената енергија.

- Хотелот во рамките на комплексот РЕМ, ќе располага со 120 соби, спа центар, базен, фитнес сала, конференциски сали и ќе биде единствен од ваков вид во западна Македонија, што особено ќе придонесе за дополнителен развој на туризмот во овој регион.


Со пре­поз­на­тлива фа­са­да, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија вгра­де­на во об­јек­тот, новиот комплекс РЕМ претставува уникатен простор кој ќе ги одзема воздишките на посетителите.

“Комплексот РЕМ ќе даде значаен придонес во развојот на домашната економија со обезбедување на стотици нови вработувања и ќе понуди нешто ново во Тетово.

За оние кои ќе се решат да купат стан за домување или продажен салон ќе овозможи голем број на предности, поради фактот што на едно место ќе може да се најде се што е потребно за квалитетен и модерен живот. Со изградбата на РЕМ комплексот, Тетово и регионот ќе добијат на квалитет и препознатливост”, изјавија инвеститорите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О