На Фејсбук договорил продажба на внукот за 640 евра!

Фероз Хан од Пенџаб е обвинет за киднапирање и обид за продажба на сопствениот внук.
47 годишниот Хан го киднапирал детето непосредно по неговото раѓање во текот на месецов. Неговата ќерка покренала тужба против својот татко. Тој успеал со помош на двајца посредници кои биле вработени во родилиштето, да го одземе детето и да побара купувач зa него преку Фејсбук. Била договорена продажба на бебето на богат бизнисмен, за 640 евра!

- Тројцата се уапсени а бизнисменот кој го годоварал купувањето на бебето ќе биде испрашан - изјави претставник на полицијата.

Ако бидат прогласени зa виновни зa киднапирање и обид за продажба на детето, тројцата се соочуваат со казна затвор во траење од 7 години.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О