Запознајте ја жената која ја пробувала храната на Хитлер

95-годишната Маргот Волк ги преживеала сите видови од храната на Хитлер, еден атентат врз него, целата Втора светска војна, како и поствоените години: поделбата на Германија, изградбата на Берлинскиот ѕид, неговиот пад...

Волк две ипол години била една од 15-те млади жени кои ја пробувале храната на Хитлер за да проверат дали е отровна пред да му биде послужена во строго обезбедената команда во центарот наречена “Јамата на
волкот“.

„Беше вегетаријанец. Никогаш не јадеше месо“, рекла Волк и додала дека Хитлер бил толку „параноичен“ дека Британците ќе го отрујат, па затоа имал 15 жени кои ја пробувале храната пред тој да ја изеде.



Во времето кога војната беше при крај и многу Германци мораа да поминуваат низ голготата без храна и имаа многу малку работи за јадење, дегустацијата на храната на Хитлер имаше и свои предности.

„Храната беше многу вкусна, само најдобриот зеленчук, аспарагус, пиперки, се’ што може човек да замисли. И секогаш со ориз или тестенини како додаток“, се потсетува Волк.


„Но, постојано бевме под стрес, знаевме за тие гласини околу труењето и никогаш не можевме да уживаме во храната. Секој ден се плашевме дека можеби тоа ќе биде нашиот последен оброк“, додава Волк.

Стравовите на Хитлер за безбедноста на храната не биле неосновани, бидејќи на 20-ти јули 1944-тата година полковникот Вермахт Клаус активирал бомба во обид да го убие фирерот. Хитлер преживеал, но скоро 5.000 луѓе биле погубени по овој неуспешен атентат.


„Седевме на дрвена клупа кога чувме силна експлозија. Паднав од клупата и слушнав како некој извикува Хитлер е мртов. Но, не беше“, раскажува Волк.

По овој неуспешен атентат напнатоста во германската команда пораснала. Волк вели дека нацистите наредиле да ја напушти куќата на своите роднини и да се пресели во едно напуштено училиште.

„Подоцна дознав дека Русите ги убија сите останати 14 девојки“, вели на крајот Волк.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О