"Од каде доаѓаш?" е насловот на книгата која што на децата им објаснува како дошле на овој свет, но сето тоа не е преку приказната за штркот кој носи деца.
![]() Во книгата главните улоги ги имаат "Ларс" и "Лиза", во разни фази од сексот и раѓањето ан нивното дете. За да нештата бидат уште почудни, издавачот и авторот ја намениле книгата за деца од петгодишна возраст и повеќе. ![]() Издавачот Лав Верлаг одлучил да ја повлече книгата откако родителите се пожалиле во Берлинскиот Сенат, пренесува "Huffington Post". Книгата за првпат била издадена во 1991 година, а во описот на издавачот пишува: "Децата се многу љубопитни и сакаат да знаат од каде доаѓаат. Треба да им се даде одговор прилагоден на нивните години, а првото објаснување на оваа тема мора да биде отворено и сериозно". ![]() Дортотни Баер од Христијанската демократска унија повикал на поумерен пристап: "Немаме ништи против сексуалното воспитување, но тоа мора да го следи развојот на децата, а не истиот да го забрзува". ![]() Сепак, во интернет продавницата Амазон, книгата добила само добри оцени и родителите се исклучително задоволни од истата. ![]() |