Поради Грција избришано уставното име на Македонија


На регионалната конференција на министрите за правда и внатрешни работи од ЈИЕ посветена на борбата против организираниот криминал и корупцијата во регионот, под влијание на Грција било избришано уставното име на Република Македонија.

makedonsko-zname
Грција извојува мала дипломатска победа во Белград, пишуваат денеска грчките медиум. 
Имено, грчкиот заменик-министер за правда Костас Карагунис побарал од организаторите на конференцијата да го избришат уставното име на Република Македонија од материјалите и натписите на конференцијата и да напишат „ФИРОМ“.
Организаторите на конференцијата, српските министерства за внатрешни работи и за правда го исполниле барањето на грчкиот функционер и секаде каде што Македонија била заведена под уставно име, ја напишале референцата ФИРОМ.
Грчките медиуми коментираат дека вакви информации треба да се објавуваат токму со цел „такви грешки да не се повторат во Србија“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О