Најбрзата мемориска картичка во светот!


Главниот проблем со мемориските картички не е тоа што се скапи или што нудат премал простор, туку едноставно не се доволно брзи. Со новата CompactFlash мемориска картичка на Toshiba, работите ќе се променат...

Доколку играте видео-игри, не ви е важно дали ќе почекате малку додека се лоадира играта. Но, ако сте професионален фотограф, тогаш ви треба мемориска картичка која не само што нуди голем простор за складирање, туку и ви овозможува брзо прегледување на сите слики што сте ги направиле.
Exceria PRO серијата од Toshiba се најбрзите CompactFlash мемориски картички во моментот. Постојат три различни верзии со големина од 16 GB, 32 GB и 64 GB, но главната предност е нивната брзина. Картичките може да запишуваат со брзина од 150 MB/s и да читаат со 160 MB/s. Толку се брзи што може да снимаат FullHD видео без да пропуштат ниеден фрејм, како и да пуштат 4K видеа.
Картичките ќе бидат достапни во Јапонија од идната недела, а до крајот на идниот месец и насекаде низ светот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О