Десетте најпаметни луѓе во светот

Тие се луѓе кои што ја разбираат вселената, кои што знаат да дискутираат на безброј теми и кои се способни да решат речиси секаков проблем... Тие се најпаметните во светот!



10. Стивен Хокинг

Станува збор за еден од најголемите физичари во историјата на човештвото. Стивен Хокинг (71) е англиски физичар кој што успеал да открие дека црните дупки емитуваат топлотно зрачење. Заболувањето од тешка невроматска болест го спречило да продолжи со истражувањето и пишувањето на книги. Неговиот коефициент на интелигенција изнесува 160. 


9. Џудит Полгар

Џудит Полгар е триесет и шестгодишна шахистка од Унгарија која на 15 годишна возраст го срушила рекордот на Боби Фишер. Нејзиниот коефициент на интелигенција изнесува 170. 


8. Сер Ендру Вајлс

Станува збор за британски математичар кој се прослави докажувајќи ја Големата Фермаова теорема. Шеесетгодишниот Ендру Вајлс денес е професор на Оксфорд, а неговиот коефициент на интелигенција изнесува 170. 


7. Пол Гарднер Ален

Шеесетгодишниот американски бизнисмен Пол Гарднер Ален има коефициент на интелигенција 170. Тој заедно со Бил Гејтс ја основал компанијата Микрософт, а денес е 48-от најбогат човек во светот. 


6. Џејмс Вудс

Холивудскиот актер Џејмс Вудс има коефициент на интелигенција 180. Тој бил на студии по линеарна алгебра, меѓутоа истите ги напуштил поради филмската кариера. Денес шеесет и шестгодишниот актер е познат по своите улоги во филмовите "Little Warriors", "Shark", "Straw Dogs " и многу други. 


5. Гари Каспаров

Светскиот шаховски првак, педесетгодишниот Гари Каспаров има коефициент на интелигенција 190. Тој е политички активен лик во Русија кој своевремено ги подржувал Горбачов и Јељчин, меѓутоа набрзо се разочарал од нив. 


4. Рик Роснер

Станува збор за писател, сценарист и медиумска личност во САД. Порано тој работел како стриптизер, келнер на ролерки и телохранител, а се појавил и во низа на реклами. Своевремено тој ја тужел и продукциската куќа на квизот на знаење "Who Wants to be a Millionaire". Неговиот коефициент на интелигенција изнесува 192. 


3. Ким Унг Јонг

Педесет и едногодишниот Ким Унг Јонг прозборел кореански кога имал само шест месеци, а за сосема кратко време научил уште други шест јазици. Од страна на НАСА тој бил повикан да студира во САД, а денес е инженер. Јонг има коефициент на интелигенција 210.


2. Кристофер Хирата

На 14 годишна возраст тој се запишал на факултет, а кога имал само 16 години, тој веќе бил вработен во НАСА. Денес триесет и едногодишниот Кристофер Хират е астрофизичар, а неговиот коефициент на интелигенција е 225. 


1. Теренс Тао

Триесет и седумгодишниот Таренс Тао добил диплома по математика од Пристон кога имал само 20 години. Тој бил најмладиот професор на "UCLA" и е љубител на детската серија "Sesame Street". Неговиот коефициент на интелигенција е 230. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О