Земјата не е единствена: Откриени се други планети кои овозможуваат живот?!


Сателитот на НАСА, кој е во составот на ѕвездата „Кеплер-62“, открил уште три други планети за кои се тврди дека се соодветни за човечки живот.
Станува збор за три планети кои од нас се одалечени помеѓу 1200 и 2700 светлосни години. „Кеплер-62ц“, „Кеплер-62е“ и „Кеплер-62ф“ се дел од составот на вкупно пет планети кои се вртат околу ѕвездата „Кеплер-62“, а истражувачите претпоставуваат дека на нивната површина би можело да се најде вода, иако конкретни докази се' уште немаат.

„Се' помалку и помалку Земјата е посебно место за живеење и веруваме дека вакви слични места има насекаде“, рекол Том Баркли, учесник во овој проект.


„Кеплер-62ф“ е 40 отсто поголем од Земјата, а околу својата ѕвезда прави круг од 267 дена, додека „Кеплер-62е“ е 60 отсто поголем од нашата планета и се претпоставува дека на него се наоѓаат големи океани.

Вилијам Боруцки, главниот човек на ова истражување, е уверен во тоа дека новооткриените планети можат да бидат многу посоодветни за некои идни колонизации од сите други пронајдени планети досега, како што се „Кеплер-22б“ и „Кеплер-69ц“. 

„Сепак, сега станува збор само за теоријата која ќе биде потврдена дури тогаш кога на тие места ќе испратиме вселенски летала“, рекол Боруцки.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О