Ова се идните војници кои што ќе ја одмаздат Северна Кореја


Новите регрути со избричени глави се подготвуваат за војна на терените на Револуционерното училиште Мангјонгде во Пјонгјанк, каде што своевремено учел и Ким Џонг Ил. Во рамките на активностите во училиштето, децата, иако имаат само 11 години, се учат како да маршираат како еден и тренираат теквондо.

Ученикот Јо Чунг Хјок изјавил: "Поради моменталната ситуација, се трудам да учам колку што е можно повеќе. Мислам дека така ќе можам да им се одмаздам на американските империјалисти: така што ќе имам одлични оцени во оваа школа. Тоа е мојата револуционерна должност. Особено се трудам да добијам најдобри оцени од војната обука". 

Дечињата носат пушки додека се подготвуваат да станат "јадрото" на Корејската народна армија. Покрај воените вештини, тие учат и биологија, историја и јазици, но немаат пристап до интернет, како помошно средство во наставата.


Потполковникот Ким Хак Бин објаснил: "Во овој момент ситуацијата на Корејскиот полуостров е напната, а Америка е лоша кон нас. Нашите ученици се подготвени да одат на линијата на фронтот кога и да избие војната, а сега учат многу повеќе од обично".

Школата е основана во 1947 година, се со цел во неа да живеат и да се образуваат синовите и ќерките на војниците настрадани во војната против Јапонија, која Кореја ја држеше под окупација од 1910 до 1945 година. Девојчињата престојуваат во одвоен интернет, кој што го носи името на мајката на Ким Ил Сунг, а истиот се наоѓа во пристанишниот град Нампо.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О