Бомбашот од Бостон ќе добие смртна казна?!

Деветнасетгодишниот Џохар Царнаев беше уапсен ноќта кон саботата по масивна потера и сй уште е хоспитализиран под стража поради повредите со кои се здоби во престрелките со бостонската полиција. Неговиот брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев, со кој се заедно обвинети за двете експлозии кои одекнаа во интервал од 12 секунди на целната рамнина од Бостонскиот маратон поради што делото е карактеризирано како симултан терористички напад", почина во болница претходно ноќта кон петокот, откако беше ранет во престрелка со полицијата во бостонското предградие Вотертаун, каде што подоцна беше откриен Џохар кој 24 часа беше во бегство. Сепак, уште нема официјално обвинение.

Некои републикански претставници во американскиот Конгрес, вклучувајќи ги и сенаторите од сојузните држави Јужна Каролина и Аризона, побараа од демократскиот претседател Барак Обама на Царнаев да му се суди како на непријателски борец, исто како и на осомничените за тероризам кои се наоѓаат во злогласниот затвор во американската воена база Гвантанамо на Куба.

Ваквиот потег значително би ги ограничило можностите на неговата правна заштита и би овозможило да му се суди пред воен, наместо пред цивилен суд.

Меѓутоа, претставници на одбраната истакнуваат дека на Џохар Царнаев може да му се суди единствено како на американски државјанин уапсен на американска територија. Иако е етнички Чеченец, тој како момченце пред десет години емигрирал од руската кавкаска република Дагестан каде што се доселил од поранешната советска република Киргистан, а добил американско државјанство.

Американскиот претседател Обама изјави по апсењето дека САД ќе истражат и ќе дознаат дали двајцата чеченски браќа дејствувале сами во бомбашкиот напад во Бостон или имале помош.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О