Која од ѕвездите е најомразена?


Иако изградила кариера и надвор од глумата со отворање на сајт и пишување книги за здрав живот, изгледа дека многумина беа изиритирани од нејзиниот животен стил и самофалењето.

gvinet-500
Во најновата анкета на магазинот “Star” таа го има првото место на листата на 20 најиритирачки личности од светот на филмот, музиката и телевизијата.
Гвинет за влакно ја победила Кирстен Стјуарт, која завршила на второто место. Ѕвездата на “Самрак” паднала во немилоста на обожавателите откако било откриено дека нејзиното момче Роберт Патинсон го изневерувала со режисерот Руперт Сандерсом.
Третото место го заземала Џенифер Лопез а четвртото Џон Мејер- музичар кој од неодамна раскина со Кети Пери.
Кралицата на романтичните комедии Кетрин Хејгл, се нашла на петтото место.
Меѓу иритирачките ѕвезди се и Џастин Бибер и Ким Кардашијан, со тоа што мајката на Ким, Крис Џенер е дури уште поомразена од ќерка си- таа е на 10-то место, додека Ким е на 11-то.
Некои ги изненадил фактот што Крис Браун завршил дури на 20-то место иако постојано е изложен на критика од јавноста поради обновувањето на врската со Ријана што ја претепа во 2009 год.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О