Во Аргентина, родниот крај на Папата Франциско, прочуен златар го изработува пехарот, за кој, вели златарот, ќе биде скромен како и католичкиот лидер, објави Ал Џезеира Балкан.
Хуан Карос Паролос потекнува од семејство на златари кое скоро цел век изработува накит и предмети од злато со декоративни елементи и имаат клиенти од сите краишта на светот. Златарот Хуан Карлос, кој е добар пријател со папата Франциско ќе изработи пехар за него, исто како што има изработено и за неговиот предходник.