На сите им е јасно дека парите се една од највалканите работи со кои секојдневно доаѓаме во контакт.
Едно независно истражување, кое било спроведено во универзитетот Оксфорд, покажало дека на една банкнота има дури 26.000 бактерии, пренесува CNN.
"Парите кои ги тестиравме имаат во просек по 26.000 бактерии на себе. Тоа е сосема доволно за ширење на секакви болести", изјавил професорот Иан Томпсон од Оксфорд.
На тестирањето, кај многу од банкнотите биле пронајдени и траги од дрога, а најмногу од кокаин и метамфетамин.