Отворено писмо до Али Ахмети

На славеничкиот концерт на ДУИ, кој се оддржа на денот кога во Македонија се врати Јохан Тарчуловски, Ахмети им порача на албанските аналитичари и публицисти: “Јас имам една порака до сите оние кои мислеле и ќе помислат во иднина дека ДУИ е сила која му наликува на жар, ако ја допреш ќе те изгори“ рекол Ахмети на концертот оддржан на 11 април 2013 во Тетово.
Отворено писмо
До Али Ахмети, претседател на Демократската Унија за Интеграција
Забележувајќи дека два пати по ред, за кратко време, јавно ги спомнувате аналитичарите и публицистите, и не сакајќи ова да ви се случи и по трет пат, и уште помалку да ви прерасне во навика, сакаме да ве потсетиме на едно основно правило кое го знаат мнозинството луѓе кои имаат формално редовно образование: коментаторите на јавното мислење и на општеството се набљудувачи и не се странка во процесите и појавите. Исто така сакаме да ви кажеме дека „јагленот“ е изгаснат жар, и дека доколку во иднина ќе посакате да ни се заканите преку метафори, треба да внимавате како ги употребувате, бидејќи кога ги употребува некој што не го знае нивното значење, тогаш говорот може да заличи на лаење. Оттаму, метафорите нека им останат на тие што знаат како да ги употребат, а тамбурата со две жици нека им остане на народните пејци - за да не ги помешаме работите.
не се замислувајте дека вашите закани ќе нè присилат да се откажеме од нашите убедувања и начинот на кој ја согледуваме и оценуваме работата на оние кои можат да си замислуваат дека гласот на мнозинството од народот е подеднаков со колективната мудрост на еден народ

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О