Последната порака која бостонскиот бомбаш му ја испратил на својот татко
Светските медиуми ја пренесуваат последната порака на 19-годишниот Џохар Царнаев, обвинет за атентатот на маратонот во Бостон, која преку “Фејсбук“ му ја испратил на својот татко.
Според тврдењата на медиумите во неа се вели: “Ова ќе биде последната порака пред полицијата да ме фати. Не го сторив тоа. Ме наместија. Татко те молам прости ми. Извини што дојде до ова“.
Неговиот татко пред неколку дена изјави дека неговите синови биле наместени, а мајката дури тврдеше дека нејзиниот постар син веќе пет години бил надгледуван од ФБИ и знаеле се' што прави, па токму затоа било невозможно да не знаеле дека планира масакр.

