Најпознатото селебрити семејство ни е во соседството

Планетарно познатото семејство Кардашијан во моментов ужива на својот семеен одмор во нашето соседство, односно на грчкиот остров Миконос.

Најпознатата старлета во светот, Ким Кардашијан и нејзиното семејство моментално се на одмор во Грција, на островот Миконос. Така, појавувајќи се надвор од вилата во која што престојувале, завиткана во марама со војничка шара, старлетата го покажала својот огромен труднички стомак, откако претходно биле забележани како пазарат во еден од локалните
супермаркети.

Семејството пристигнало на грчкиот остров уште во четвртокот и оттогаш тие уживаат во убавините на островот, а доказ дека си поминуваат одлично е и фотографијата која што најмладата сестра ја објавила на својот Инстаграм профил, додавајќи го коментарот "Јас сум во рајот!". 


Сепак, престојот на Кардашијан во Грција не е само поради одмор, па така, насекаде околу нив може да се види продуцентската екипа и камерите од телевизиската куќа "E!", за која што тие воедно и го снимаат реалното шоу "Keeping Up With The Kardashians", кое што и ги лансираше во светот на шоу-бизнисот. 


Додека 32 годишната старлета уживала на копното, нејзините сестри, 34 годишната Кортни и 28 годишната Клои биле забележани во елегантни црни костими за капење, како уживаат на голем чамец, во придружба продуцентската екипа. На овој одмор со нив е и тригодишниот син на Кортни, Масон Дисик, нејзината ќерка Пенелопе, помалата сестра Кендал Џенер и нивниот полубрат Броди Џенер. Единствени кои што не учествуваат во овој идиличен семеен одмор се сопругот на Клои, Ламар Одом и партнерот на Ким Кардашијан, раперот Кение Вест. 


За својот престој на Миконос семејството изнајмило неколку луксузни вили, а според тамошните неименувани извори, семејството ќе остане на островот во следните десетина дена. Воедно, ова е и последниот одмор на Ким Кардашијан, пред таа да го роди своето прво дете, кое што според најавите, таа планира да го донесе на овој свет во Париз. 


Ова не е првпат славните личности да престојуваат во нашето соседство, па така, убавините на Миконос своевремено ги воодушевија и Ирина Шајк, Џон Траволта, Бар Рафаели, Тамара Еклстон и Кели Брук.














ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О