Три лица загинаа, а 25 се полесно или потешко повредени во голем верижен судир на 95 возила на втопат во американската сојузна држава Вирџинија.
Како што соопштуваат локалните власти, до серијата судири дошло поради густата магла.
Сообраќајот бил затворен во двата правци, освен за возилата на брзата помош.
Како што јавува АП во еден правец сообраќајот бил блокиран во должина од 12 километри, а на фотографиите од местото на настанот се гледаат целосно уништени возила, запалени приколки од камиони и целосно блокиран пат.
Од 1997. па до сега на овој автопат се случиле најмалку шест слични сообраќајни несреќи во кои повеќе лица загинале.