Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денес излезе со пародија на СДСМ и нивниот лидер Бранко Црвенковски. „Црвенковски“ во пародијата вели дека бидејќи цела година за неговите од СДСМ е први април, решиле можеби за нив најважниот ден, денот на лагата да го прослават на 31 март.
-Велат во СДСМ немаме програма. Па што ќе ни е нас програма. Ние така без програма победивме во 94-та, во 2002-та, така јас станав претседател. И најпосле на народот што ќе му програма кога ме има мене, јас знам како треба со Македонија. Тоа го покажав во деведесетите. Па јас ако не сум оставил дела, нема кој друг. Затворањето на Славија, Треска, Порцеланка, Железара, Центро, Алумина, Газела се моите дела. Мое дело е и ТАТ. Јас имам оставено 200 000 дела, затоа што оставив 200 000 невработени. Исто така мое дело е и шверцот на цигари и нафта. Ако не ми верувате прашајте го Магаш. Тој самиот ќе ви потврди. Велат сме изгубиле секаде на локалните избори во првиот круг, абе луѓе какво губење, па ние само им даваме предност. Јас знам што сака народ. Народот ме сака мене, јас сум подобар од секоја програма. Не можам да постигнам бе брат од што ме сака народ. Па тоа се виде во првиот круг. Наместо програма ние делиме брашно, наместо дела ние збориме за демократија, што е исто како да зборувате и за глобалното затополување, за демагогија и филозофија. Тоа нас ќе ни носи иднина а не некакви дела. Нема што тука да се размислува тука треба да се одработи.
СДСМ е единствена. Заминувањето на Стевчо, Бузлевски, Минов, Младеновски не е ништо. Со Јани Комитата, Игор Шемата, со Ана, со Нате, со Цветанка сме непобедлив тим. Само што не сме победиле.
Затоа ако народот сака враќање на моето време и моите дела, на времето кога не се плаќаше данок, кога фирмите јас ги приватизирав, изберете ме мене и СДСМ. Тоа е иднината која ви ја нудам, се вели во пародијата подготвена од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
извор Курир