Метеоролозите за утре и во среда најавуваа облачно и нестабилно време со обилни врнежи од дожд.
Локално ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер, како и услови за изолирана појава на град. На места се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен особено во западните делови од земјава.
Утре температурите ќе се движат од седум до 17 степени.