Најголемиот трговски центар во Западна Македонија наскоро ќе ги отвори своите врати


Во близина на Тетово привршува изградбата на трговскиот центар „Палма мол“, кој ќе биде најголемиот шопинг-центар во полошкиот регион.
Kако инвеститор на овој проект, со инвестиција од над 20 милиони евра, се јавува фирмата „Палма трејд“, која на пазарот постои повеќе од 20 години и е дистрибутер на производи од за широка потрошувачка и бела техника.

“Трговскиот центар ќе претставува вистински двигател на економијата во полошкиот регион, а свој придонес ќе има од повеќе аспекти. Имено, шопинг-центарот ќе вработи околу 400 луѓе, а во неговата изградба, како и во опремувањето на надворешноста, внатрешноста и локалите, учествуваат исклучиво македонски компании” - вели Оливер Димитровски, сопственик на агенцијата за недвижности „New Way“. Иако и сега има посетители, Димитровски очекува дека по целосното отворање, бројката ќе достигне од 10.000 до 15.000 посетители дневно.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О