Сити не го дава второто место, Тотенхем се спаси


Во првиот денешен натпревар од 35. коло во Премиерлигата Манчестер Сити славеше на домашен терен против Вест Хем, минимално со 2-1.

"Граѓаните" поведоа со голот на Агеро во 28. минута, Туре го удвои водството во 83. минута, а почесниот погодок за гостите е дело на Керол во 91. минута.
Екипата на Тотенхем освои само бод на гостувањето кај Виган, кој се наоѓа во опасната зона. Бејл му донесе водство на својот тим во 9. минута, а само две минути подоцна израмни Бојс.
Мекманаман се погрижи за пресврт во корист на Виган, но во 89. минута Бојс си постигна автогол за конечни 2-2.
Стоук освои многу важни три бода во битката за опастанок, откако го совлада Норич со голот на Адам.
Резултати 35. коло:
Манчестер Сити - Вест Хем 2-1
Евертон - Фулам 1-0
Саутемптон - ВБА 0-3
Стоук - Норич 1-0
Виган - Тотенхем 2-2

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О