Преминување во летно сметање на времето опасно по здравјето


Научниците тврдат дека преминувањето во летно сметање на времето опасно влијае врз здравјето, што може да доведе до многу болести.

clocks
Научно е докажано дека преминувањето на летно сметање на времето е поврзано со многу здравствени проблеми - од срцев удар до повреди.
Инфарктите се 17 отсто почести во недела кога часот се поместува нанапред, отколку две седмици пред тоа, тврдат истражувачите од „Вилијам Беумонт“ болницата во Мичиген.
Исто така, зачестеноста на срцевите удари е 71 отсто поголема во однос на претпоследниот ден по зимското сметање на времето.
Студијата која е објавена во Американскиот журнал за кардиологија вели дека нарушувањата на сонот го хаотизираат нивото на хормони и го зголемуваат крвниот притисок што влијае на срцето.
Преминувањето на зимското сметање на времето, меѓутоа, нема такво влијание на кардиоваскуларниот систем.
Други студии откриле дека тинејџерите имаат послаби резултати на контролните задачи, што е последица на недоволен сон.
Некои британски статистики упатуваат дека во ова време доаѓа до пораст на сообраќајните несреќи, бидејќи возачите мора да се носат со мрачните утра.
Истражувањето го спровела Ивон Херисон - експерт за спиење од „Џон Мурс“ универзитетот во Ливерпул.
Во списанието „Sleep Medicine Reviews“ таа вели дека на телото му е потребна цела седмица за да се навикне на промената.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О