Северна Кореја ги преместувала своите проектили: Се е подговено за лансирање

Северна Кореја последниве неколку денови ги преместувала своите проектили на источниот брег на земјата, потврдиле CNN и Соединетите Американски Држави. Тензиите на Корејскиот полуостров го достигнале својот врв, а светот стравува дека Пјонгјанг би можел да изведе уште еден нуклеарен тест.

Преместувањето на проектилите е само последната во низата провокации на Пјонгјанг, која следела по воведувањето на острите санкции за Северна Кореја од страна на Обединетите Нации. Преместувањето на проектилите би можело да значи дека тамошната војска се подготвува за лансирање на нова ракета, со што дополнително ќе ја доведе земјата до "работ на војна".

Се претпоставува дека проектилите се подготвени за лансирање на "Масудан" ракети, кои можат да целат до мети на оддалеченост до 4.000 километри, што значи дека тоа би можело да биде закана за Јужна Кореја, Јапонија и некои американски стратешки точки на Пацификот. Сепак, американските експерти се убедени дека нема да дојде до напади на противнички мети, односно Северна Кореја подготвува уште еден тест.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О